Кои сме

Основна цел на МНК СИН ШТИТ како специјализирана невладина организација е заштита на културното наследство во опасност (во случај на вооружен судир, природни непогоди и други ризици).

Заштитата на културното наследство од страна на Комитетот се остварува преку:

- Олеснување на секоја меѓународна акција за одговор на опасности или критични ситуации кои се закана за националното културно наследство, во соработка со Меѓународниот комитет на Синиот штит (ICBS);

- Поттикнување на чувањето и почитувањето на културните добра, особено со промовирање на стандарди за превенција на ризиците;

- Дејствување како компетентен субјект за заштита на култуното наследство во опасност;

- Развивање и унапредување стратегии за заштита на културното наследство во случај на вооружен судир, природни катастрофи и други опасности;

- Оспособување експерти, на национално или друго ниво, за спречување, контрола и закрепнување од катастрофи;

- Соработка и координација на активностите со националните комитети за споменици и места (ICOMOS), за музеи (ICOM), за библиотеки и библиотекари (IFLA) и за архиви (ICA), како и со други домашни, странски и меѓународни организации за заштита на културното наследство во опасност.